22 години од формирањето на ЕБР: Ниту еден криминалец или криминална група нема да ги загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на Република Македонија!

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод Денот на Единицата за брзо распоредување.

Во честитката објавена на неговиот фејсбук профил, Спсовски истакнува дека 23 август претставува датум од исклучителна важност – 22 години од формирањето на Единица за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи.

– Тежнеејќи кон воспоставување комплетна функционална хармонизираност на сите сегменти на полициското работење согласно нашата национална стратешка определба за евро-атлантска интеграција и целосно имплементирање на фундаменталните демократски вредности, евидентни се извонредните резултати кои ги постигна оваа Единица, а и МВР во целост, на кои гледам и како на дополнителен мотив за натамошното работење. Вие, низ деноноќните активности, покажавте дека нема простор за ниту еден криминалец или криминална група да ги загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на Република Македонија. И, без никаков сомнеж, за Министерството за внатрешни работи – прашањето за визијата и правците за натамошно развивање и унапредување на Единицата за брзо распоредување во сите нејзини сегменти, е сосема на врвот на приоритетите – без исклучок! Бидејќи, досегашните резултати на Единицата, нејзините и стремежите на сите нејзини припадници тоа го заслужуваат во целост, наведува Спасовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…