24 април и 8 мај 2024 година се неработни денови за сите граѓани

t

Земајќи го во предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Македонија („Службен Весник на РМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија („Службен Весник на РМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14 владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани.

„Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Македонија да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран“, велат од МТСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЦИРКУС ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Пратеник му…

Лидерот на опозицијата, Александар Вучиќ, му се…

Иран негира вмешаност во планираниот терористички напад…

Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на…

Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Осум месеци затвор за Игор Дашковски кој…

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот…