24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
На 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско.
-При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
63-годишник возел со 2,04 промили алкохол во…
Рано утрово во Кичево полицијата го приведе…
Ако зборувате на телефон додека возите е…
Дејан Стевиќ, потполковник од Управата на српската…
Казнети 23 возачи во Илинден и Петровец…
– Вкупно 23 лица се санкционирани зашто…
За брзо возење казнети 160 лица во…
Во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) Министерството…