25-годишник смртно прегазил соселанец и избегал со возилото
Велешанец смртно прегазил соселанец и побегнал од местото на настанот. Тој набрзо бил пронајден и приведен.
Според информациите, вчера во 16.00 часот во с. Виничани, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од село Виничани. Тој во селото, со патничко возило „фиат панда” со велешки регистарски ознаки, удрил во А.Ц.(43) од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот. А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен.
По целосно документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…