254 случаи на Ковид-19 за неколку денови

t

Нови 254 случаи на коронавирус се регистрирани во период од 26 декември до 1 јануари, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен вчера.

Направени се 2.338 тестирања, а новите случаи се потврдени во 18 градови од кои најголем дел се во Скопје (193).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (89). Се забележува зголемување кај сите возрасни групи, со најголемо зголемување кај возрасната група од 0-9 години и 20-29 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 240 лица во хоспитални услови или на домашно лекување. Пријавени се 99 реинфекции, за 73,7% повеќе во однос на претходната недела (n=57).

Во текот на последната недела (26.12.2022-01.01.2023) не се пријавени починати лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…