26-годишник од Радовиш силувал дете кое нема наполнето 15 години
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.
Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години.
Тој е лишен од слобода, задржан е во просториите на Полициската станица Радовиш и во текот на денот ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентка издрогирана, претепана и групно силувана од…
Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе…
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…
Родители на момче во Србија: Го силувалe…
Родителите на основното училиште „Татомир Анѓелиќ“ во…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Изречена пресуда за случајот со лажно силување
Двајцата обвинети за кривичното дело Грабнување признале…