27-годишник од Македонија убиен во Берлин

t

Дваесет и седумгодишен македонски државјанин од Радуша е убиен во Берлин, откако врз него било пукано во раните утрински часови во понеделникот. Информацијата дека жртвата е од Радуша ја објавија повеќе регионални медиуми.

Според берлинската полиција, пукањето се случило околу 2.40 часот на крстосницата меѓу Планетенштрасе и Зоненале во населбата Нојкелн. Кон 27-годишникот биле испукани повеќе куршуми, а тој починал на местото и покрај обидите за реанимација.

Германскиот весник „Б.З.“ објави дека двајца мажи го следеле 27-годишникот пред пукањето и дека еден од куршумите го погодил во главата.

Осомничените побегнале, а истрагата ја презеде Петтата комисија за убиства на берлинската криминалистичка полиција во координација со Обвинителството. Мотивот и околностите на убиството се истражуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…