28-годишен гостиварец приведен – при преглед на неговото Порше пронајден пиштол, куршуми, нож и други предмети!
На 02.02.2024 во 21.40 часот во близина на с.Камењане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Ш.Ф.(28) од Гостивар.
При преглед во возилото „порше“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одзмемени пиштол „Застава“ калибар 7,62мм, рамка со куршуми, нож и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…