3абегана работа: Уапсен најпознатиот моден креатор во Србија, во неговиот стан пронашле врзано момче

Познатиот српски дизајнер Дарко Костиќ (42) повторно се најде зад решетки кога непознато лице пријавило дека славниот моден креатор го затворил во шпајз и му се заканил дека ќе го „убие“!
Полицијата веднаш одговорила на повикот и во станот на креаторот пронашла млад човек, кој им рекол дека се запознал со Костиќ преку ЛГБТ апликацијата „Гриндр“, а потоа дошол во неговиот стан. Наводно во полиција изјавил дека креаторот му дaл да консумира бела материја, најверојатно наркотици – дрога, по што му ги врзал рацете со јаже, му ставил дуксер преку глава и го затворил во оставата.
Ова не е првпат Дарко Костиќ да биде уапсен и да има проблеми со законот. Во рубриката „Црна хроника“ првпат се најде на крајот на јули 2017 година, кога беше уапсен поради поседување дрога. Полицијата откри кокаин и т.н дрога за силување. Се започнало кога му се слошило во станот, а кога пристигнале на лице место лекарите од Брзата помош констатирале дека е под дејство на опијати. Полицијата го пребарала станот и пронашла дрога, а го привела на распит.
Во текот на истрагата се појавил уште еден млад човек Ш. Б.(22) кој тврдел дека Костиќ и сексуално го вознемирувал, но на судењето го сменил исказот.
Костиќ беше во притвор нешто повеќе од месец и половина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протекоа информации за тоа што им кажал…
Борбите не можат да траат со месеци,…
За половина час: Прес на Сергеј Лавров…
Следете ја фан страната на Инфомакс за…
Украина ќе добие 1,2 милијарди долари кредит…
Последниот заем го носи вкупниот износ во…
(Видео) Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија…
Полицијата во Бирмингем имаше многу работа пред…
(Видео) Македонска народна музика ечи низ улиците…
Низ улиците на Солун ечи народна македонска…