Објавено на:

3абегана работа: Уапсен најпознатиот моден креатор во Србија, во неговиот стан пронашле врзано момче

t

Познатиот српски дизајнер Дарко Костиќ (42) повторно се најде зад решетки кога непознато лице пријавило дека славниот моден креатор го затворил во шпајз и му се заканил дека ќе го „убие“!

Полицијата веднаш одговорила на повикот и во станот на креаторот пронашла млад човек, кој им рекол дека се запознал со Костиќ преку ЛГБТ апликацијата „Гриндр“, а потоа дошол во неговиот стан. Наводно во полиција изјавил дека креаторот му дaл да консумира бела материја, најверојатно наркотици – дрога, по што му ги врзал рацете со јаже, му ставил дуксер преку глава и го затворил во оставата.

Ова не е првпат Дарко Костиќ да биде уапсен и да има проблеми со законот. Во рубриката „Црна хроника“ првпат се најде на крајот на јули 2017 година, кога беше уапсен поради поседување дрога. Полицијата откри кокаин и т.н дрога за силување. Се започнало кога му се слошило во станот, а кога пристигнале на лице место лекарите од Брзата помош констатирале дека е под дејство на опијати. Полицијата го пребарала станот и пронашла дрога, а го привела на распит.

Во текот на истрагата се појавил уште еден млад човек Ш. Б.(22) кој тврдел дека Костиќ и сексуално го вознемирувал, но на судењето го сменил исказот.

Костиќ беше во притвор нешто повеќе од месец и половина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хит Видео – СЛОНИЦА ПОБЕГНА ОД ЦИРКУС…

Слоница избега од циркус во Бјут, Монтана,…

(Фото) Зимата не се „предава“: Снег на…

И покрај тоа што веќе еден месец…

Апасиев од градот на Рацин: Од тука…

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата…

Врвен хируршки тим во Скопје изведе дентална…

Вчера успешно заврши сложениот хируршки зафат –…

Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу…

Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади…