30-дневен притвор за вработен во Шумската полиција: побарал 18.000 денари за да не прави контрола, сведокот го пријавил

t

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно за да не му прави контрола на сведокот – референт за сеча и дотур во правно лице. Откако му ги побарал парите, сведокот го пријавил. Врз основа на Наредба од јавен обвинител за примена на посебни истражни мерки, на сведокот му биле дадени обележани банкноти за да ја изврши исплатата. Веднаш по приемот на поткупот, парите биле пронајдени кај осомничениот и тој бил лишен од слобода“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител оцени дека постојат законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…