33-годишник возел со 2,02 промили алкохол во крвта
Полицијата уапси 33-годишен жител на село Сараќино, кој е затекнат како управува возило под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека вчера рано наутро во 2:40 часот, на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Д. (33) од село Сараќино.
При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „рено меган“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д.
При проверката било утврдено дека возел под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,02 промили алкохол во организмот
Возилото било одземено, а по целосното документирање на случајот против 33-годишникот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан возач влетал во кафеана во Македонска…
Пијан возач „влетал“ во кафеана на магистралата…