Пијан возач влетал во кафеана во Македонска каменица
Пијан возач „влетал“ во кафеана на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Очевидци на настанот велат дека ова е четврти пат како пијани возачи „влетуваат“ во оваа кафеана на влезот во градот. – Пренесува 24 вести.
– „За жал често се случува поради пијанство да сме сведоци на немил настан. Кафеаната е на самиот влез на градот и возачите наместо да возат внимателно, во доцните вечерни часови го прават спротивното, а резултат е уништување на кафеаната кое се случува по четврти пат“ велат очевидци.
Настанот кој се случил рано утринава го потврдија од полицијата, од каде информираа дека кај возачот е регистрирано недозволена количина алкохол во крвта, но за среќа не нема повредени лица.
Против возачот покрај првичната парична казна, најавен е соодветен поднесок за причинување материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Возач од скопско возел под дејство на…
На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…
Возач е тешко повреден откако автомобил излета…
Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР…