33-годишна штипјанка најмила жена за да ѝ ја растури магијата, оваа многу јасно – ја ограбила
Штипјанка била измамена од гатачка, која ѝ ветила дека ќе ѝ ги „растури магиите“, но, очекувано, само ја измамила и ограбила.
На 09.05.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Штип, 33 – годишна жена од Штип пријавила дека на 26.04.2024 околу 15 часот во дворот од семејната куќа во Штип била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека ќе ѝ растури магија, а за возврат побарала златен накит во врзопче од крпа, но под услов да не го отвора врзопчето. По неколку дена откако ја отворила крпата забележала дека го нема златниот накит и сфатила дека е измамена. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив…
Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред…
Од Техеран пристигнуваат извештаи за повик за…
На собир во Техеран, според првични информации,…
ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
ДРАМА ОД РАНО УТРО ВО ДВЕ ЗЕМЈИ…
Полската војска проверува сомнежи дека неидентификуван објект…
(Видео) РОДНИОТ ГРАД НА ПУТИН ВО ПЛАМЕН!…
Голем број експлозии и пожари биле пријавени…