33% – Поддршката за Трамп падна на најниско ниво во неговиот мандат
Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво во неговиот актуелен мандат, покажува најновото истражување на Ipsos и Reuters.
Само 33% од Американците велат дека го одобруваат начинот на кој Трамп ја врши функцијата, додека 64% не го одобруваат. Во претходното истражување од овој месец поддршката изнесувала 35%.
Резултатот од 33% е најслаб во неговиот втор мандат и е изедначен со најниското ниво што го имал во првиот мандат, во декември 2017 година.
Американците стравуваат од долга војна со Иран
На падот на популарноста влијае и загриженоста околу војната со Иран, особено по растот на цените на горивото.
Трамп во кампањата вети дека ќе ја намали инфлацијата и дека нема да ја вовлекува Америка во „вечни војни“. На почетокот тврдеше дека конфликтот со Иран би можел да трае само неколку недели.
Сепак, 80% од испитаниците сметаат дека војната ќе трае подолго, додека само 16% очекуваат да заврши во следните неколку недели. Загриженоста е висока и меѓу републиканците.
Затворањето на Ормутскиот Теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта, дополнително ги зголеми стравувањата од долготрајни последици врз цените на горивото.
Демократите повторно имаат предност кај економијата
Истражувањето покажува и значителна промена во ставовите за економијата. 48% од Американците сметаат дека демократите би се справиле подобро со економските прашања, што е најдобар резултат за партијата во последната деценија.
Поддршката за републиканците опаѓа и кога станува збор за имиграцијата. Само 40% сметаат дека републиканците имаат подобар пристап, што е најмалата предност на партијата во вториот мандат на Трамп.
Истражувањето било спроведено онлајн на 1.166 полнолетни Американци, со статистичка грешка од ±3 процентни поени.
Извор: Reuters
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…
Во време кога војната со Иран почнува…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…
Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
