Објавено на:

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

t

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, четири се под контрола, а 28 пожари се целосно изгаснати.

Единствениот активен пожар е во општина Василево, во селото Нивичино, каде гори нискостеблеста шума.

Пожарите што се под контрола се на следните локации: општина Велес (околу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци), општина Дојран (село Николич), општина Демир Хисар (депонија), како и општина Македонски Брод (помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа). Пожари што се изгаснати во текот на изминатите денови имало во различни региони на земјата, вклучувајќи го Гостивар, Кочани, Неготино, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово, Сарај, Гази Баба, Сопиште, Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров, Петровец, Босилово, Желино, Тетово, Јегунивце, Македонска Каменица, Струга и Илинден. Граѓаните се повикуваат на внимателност и почитување на забраната за движење во шуми, да не пали оган на отворено и да не се фрлаат догорчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…

Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…

Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…

Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно…

Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе…

Де Ниро распали по Трамп: „Тргнете ги…

Холивудската легенда Роберт де Ниро повторно жестоко…

МЕА: ослободени 325 милиони барели од итните…

Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија…