4 МИЛИОНИ УКРАИНЦИ КУБУРАТ ЗА СТРУЈА: Зеленски ги објасни последиците од руските напади на електричната инфраструктура

t

Во многу градови и области на нашата земја воведени се прекини на струја со цел да се стабилизира состојбата, рече украинскиот претседател.

Речиси четири милиони луѓе се погодени од прекините на електричната енергија наметнати по неодамнешните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Во многу градови и области на нашата земја воведени се прекини на струја со цел да се стабилизира состојбата – рече украинскиот претседател во своето редовно ноќно обраќање до сонародниците.

– Речиси четири милиони Украинци во моментов се соочуваат со овие ограничувања – додаде тој.

Украинскиот приватен оператор ДТЕК денеска соопшти дека се планираат невидени рестрикции на електричната енергија во регионот на Киев поради големите штети што му се нанесени на украинскиот енергетски систем во неодамнешните руски удари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп за инцидентот кај американската база во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

Вучиќ поднесе оставка

Александар Вучиќ вечерва ја соопшти својата оставка…

Најмалку 10 исчезнати по лавина на Хималаите,…

Најмалку десет непалски планинари се водат како…

Велика Британија подготвува мерки за можен недостиг…

Велика Британија се соочува со нов притисок…