40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци
Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна поддршка сè уште е речиси невидлива, пишува кочанската Канал8.
Лекувањето од изгореници бара континуирана нега и скапи медицински средства, а поголемиот дел од трошоците паѓаат на товар на семејствата.
По третманот во болниците низ земјата и во странство, родителите секојдневно ги обезбедуваат потребните материјали и терапија за своите деца. Некои се приморани да ја напуштат работата или да земат боледување, што дополнително ја влошува финансиската состојба.
„Ни беше ветено дека државата ќе ги покрие барем трошоците за престој додека децата беа на лекување во странство, но досега ни тоа не е реализирано. Една специјална лепенка за изгореници чини меѓу 35 и 55 евра, а потребни се неколку неделно. Трошоците се движат до 500 евра месечно – само за материјали“, вели татко на повредена девојка.
Наместо во Кочани, контролите се прават во Скопје, а семејствата ги покриваат трошоците за патување, кои може да изнесуваат и над 100 евра месечно. Некои деца посетуваат и психолози, но таа помош не е покриена од државата. Родителите се и психички истоштени – не само од здравствената битка, туку и од личната загуба, бидејќи некои изгубија блиски во трагедијата.
Од Министерството за финансии соопштија дека од државниот буџет досега се обезбедени околу 500.000 евра, од кои 200.000 се наменети за повредените во странство. Дополнителна поддршка пристигнала преку Црвениот крст, каде се собрани над 100 милиони денари, но родителите велат – помошта е недоволна, нередовна и не стигнува до сите.
Лекувањето, рехабилитацијата и психолошката поддршка, според лекарите, ќе траат најмалку една година, а за многу семејства тоа е товар што едвај го поднесуваат. За нив ова е долга, болна и неправедна борба, во која не се чувствуваат поддржани од државата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…