409 санкции за брзо возење за 24 часа
Во текот на вчерашниот ден (11.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 409 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 237 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…