432 КОМПАНИИ БАРААТ ДРЖАВНА ПОДДРШКА ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Владата досега одобрила 172 договори
Дури 432 компании годинава аплицирале за државна поддршка за нови инвестициски проекти, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Владата на денешната седница одобри втора група договори на компании за државна поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
– Оваа година има рекордни 432 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании. На денешната седница на Владата на Република Македонија беше одобрена втората група од 90 договори, на 167-та Владина седница беше одобрена првата група од 82 компании, останатите се во процес на евалуација и во следните недели ќе бидат завршени, информираа од Владата.
Овие 90 компании, само во првата инвестициска 2022 година имаат отворено 556 нови работни места, а до крајот на инвестициските циклуси се очекува да отворат 1.822 нови работни места.
Компаниите, во првата инвестициска 2022 година инвестирале 48,11 милиони евра, а до крајот на инвестициските циклуси според проекциите, треба да инвестираат 122,76 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…