45-годишна жена почина од грип, седум пациенти се во болнички кревети

t

45-годишна жена почина од грип, додека седум пациенти се во болнички кревети. Кај пет од нив е потврдена заразата, а за двајца се уште се чекаат резултати од клиничките испитувања.

Ваков е најновиот биланс на здравствените власти за оваа сезонска болест. Во меѓувреме, расте бројот на новозаразени.

Доктор Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести појаснува дека жената која починала имала и други здравствени проблеми, но и не била вакцинирана. Релативно младата почината жена е шестиот пациент во последните недели, кој влезе во „црните статистики“.

Пикот се уште не е достигнат и допрва ќе следи, предупредуваат епидемиолозите. Стручните лица од Комисијата за заразни болести денес се состанаа, но не донесоа никакви мерки туку само препораки.

Идната недела започнува второто полугодие и не треба да стравуваме од одложување, дециден е претседателот на Комисијата за заразни болести.

Во меѓувреме, извештаите на Институтот за јавно здравје информираат и за другите заразни болести присутни во моментов. Засега има само два случаи на голема кашлица.

Вакцината е клучна за најмалите – посебно за оние до две години. Ќе се прегледуваат и здравствените картони на децата. Невакцинираните ќе бидат повикани на вакцинација.

Досега против сезонски грип се вакцнирани повеќе од 60.000 лица. Повеќе од 80% од децата се имунизирани против голема кашлица, објави Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања…

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во…

На кого Мицкоски му „набаци“ милионски бизнис…

Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

45-годишна жена почина од грип, седум пациенти…

45-годишна жена почина од грип, додека седум…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…