54 годишникот од Штип имал 2,43 промили алкохол во крвта која ја убил мајка си

t

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година.

Делото го извршил по претходна вербална расправија, под дејство на алкохол од 2.43 грам промили во крвта, но бил свесен за стореното. Откако со ловечки нож и нанел убодна рана во пределот на вратот од која жртвата искрварила до смрт, настанот самиот го пријавил на телефонскиот број за итни случаи 112.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…