550 вработени во „Лукоил“ во неизвесност
Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија, откако енергетскиот гигант донесе одлука да го продаде својот имот во странство по воведувањето на американските санкции за нафта.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска изјави дека е неопходно да ѝ се даде шанса на „Лукоил Македонија“ да продолжи со работа и да обезбедува деривати од други земји.
„Имав средба со претставникот на Лукоил Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, Лукоил може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии“, рече Бислимоски.
Инаку, „Лукоил“ во земјава оперира со 40 бензински пумпи и располага со 10 резервоари со вкупен капацитет од 8.320 кубни метри. Иднината на овие објекти и на вработените останува отворено прашање по одлуката за продажба на странските имоти на компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…