6-ти ден безуспешна потрага по 29-годишен маж кој исчезна во водите на браната кај село Дрвош

t

​Се уште трае потрагата по 29 годишното момче од струмичкото село Дабиле кое пред неколку дена исчезна во водите кај браната Дрвош.

Нуркачи од МВР, семејството, но и жителите од Дабиле кои се самоорганизираат – деноноќно ги пребаруваат водите, но безуспешно. Лошиот терен и заматената вода ја отежнуваат потрагата.

Неговиот брат Столе Петровски за Канал 5 раскажува дека во вода биле заедно со повеќе пријатели, а тој ден кај браната имало и други луѓе кои ловеле риба. Вели се се случи во само неколку секунди, неговиот брат потонал пред неговите очи. Најпрво самиот нурнал и се обидел да му помогне, но безуспешно. Не им било прв пат да пливаат во водите, но објаснува дека имало премногу гранки и дрвја, а водата била премногу матна.

„Јас бев зад него, заедно пливавме пред моите очи потона, на 5-10 чекора. Имаше и уште еден мој пријател и мојата сопруга, но тие беа надвор. Имаше уште две деца кои ловеа риби. Беа на другата страна на брегот, но не е многу далеку. Едното дете влезе во водата, виде дека нешто не е во ред, бидејќи почнав да нуркам, но во водата е многу матно и не се гледа, а и самиот човек колку може да гледа под вода. Јас дадов се од себе да си го спасам братот, но безуспешно.“ изјави за Канал 5 Столе Петровски

Петровски со апел и до институциите да не се откажуваат од потрагата и молба до жителите да помогнат кој колку може, со цел да се пронајде телото на неговиот брат..

„Мојата порака е кој колку може да ми помогне, да дојдат, може има постручни, …само тоа ми треба, друго немам што да кажам…“ кажа за Канал 5 Столе Петровски

Инцидентот се случил во неделата, на 16ти месецов, попладнето околу 14 часот. Семејството повикало брза помош, која веднаш пријавила во полиција. На терен излегле и пожарникари, а во потрагата два дена вклучена била и нуркачка екипа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…

Клиентите на Алта банка Србија можат да…

Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…

Денес се празнуваат Светиот свештеномаченик Зиновиј и…

Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претежно…

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…