6170 денари – толку одвои државата за лицата со попреченост!

t

НАМЕСТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 100% КАКО ШТО ПРЕДЛАГАШЕ ЛЕВИЦА, ВЛАДАТА ГО ЗГОЛЕМИ ЗА 15% ПОСЕБНИОТ ДОДАТОК ЗА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, реагираат од партијата преку објава на Фејсбук.

– Собранието минатата недела ги усвои измените на Законот за заштита на децата, со кои посебниот додаток за децата со попреченост се зголеми за 15 %.

Со овие законски измени, основниот посебен додаток од 5.021 денари се зголемува на 6.170 денари, додатокот за самохран родител на дете со попреченост од 6.276 денари се зголемува на 7.711 денари, додека додатокот на материјално необезбедени родители на дете со попреченост од 7.254 денари се зголемува на 9.252 денари.

Во услови на двојно зголемување на цените на основните продукти за живот и во услови на економска и енергетска криза, ова зголемување на посебниот додаток, кое родителите на деца со попреченост го чекаат повеќе од две години е срамно и ПОНИЖУВАЧКО.

Левица, имајќи го предвид фактот дека повеќето од родителите кои имаат дете со попреченост се самохрани или материјално необезбедени родители, пред само неколку месеци предложи законски измени, со кои предлагаше двојно зголемување на овој додаток.

Но, за жал, истиот не беше поддржан од пратениците на СДС и ДУИ и Собранието не го изгласа.

Со носење на вакви законски измени, криминалната власт на СДС и ДУИ само докажува дека нема слух за проблемите на децата со попреченост и понатаму го продолжува континуитетот на носење популистички, а не мерки кои навистина ќе ги решат нивните проблеми, напишаа од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…