(Видео) Петровска: Сајбер нападите се дел од сценариото за заплашување на населението

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во емисијата “Топ тема” на телевизија Телма, зборуваше за сајбер нападите кои се се’ почести и во Македонија, но потенцираше дека тоа е стратегија на непријателот да се создаде недоверба и паника кај населението.

– Сајбер нападите се дел од таа стратегија на непријателот кој има за задача да направи паника меѓу населението. Таа се рефлектираа на различни начини, а сајбер нападите се дел од тоа сценарио.

Тоа е да се покаже дека институциите немаат капацитет и не можат да се справат или не можат да ги предвидат ваквите ситуации.

Кога зборуваме на оваа тема треба да бидеме попричилно отворени и искрени и да кажеме дека тоа не се работи кои не сме ги предвидувале зато ашто се повеќе колку што навлегуваме подлабоко во развој на технолошкото и информатичкото општество, толку е се поизвесно дека ваков тип на закани ќе се случуваат.

Денеска многу малку може да зборуваме дека постои сериозна закана од конвенционален напад или конвенционален тип на војна, особено кај нас кои сме дел од колективниот систем на одбрана на НАТО АЛијансата но затоа позачестени се сајбер нападите.

Она кое што е битно прашање и на кое треба да дадеме одговор е каде е Македонија дали поседува капацитети, дали обрнува внимание та капацитетите кои ги има, потенцира Петровска.

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…