64 отсто од жените во Косово сметаат дека газдите сексуално ги вознемирувале
Шеесетичетири отсто од жените вработени во приватниот сектор во Косово сметаат дека сексуалното вознемирување е присутно во овој сектор, но само десет отсто од нив велат дека доживеале ваков вид на вознемирување, пренесува Бота Сот.
Овие податоци се дел од истражувањето објавено од Косовскиот центар за родови студии. Истражувачот Дина Власалиу рече дека овие податоци можеби не го одразуваат целосно вистинскиот обем на проблемот поради чувствителната природа на темата и ниското ниво на известување за ова.
„Она што го видовме овде генерално е дека жените имаат тенденција да веруваат дека вербалното вознемирување постои повеќе од физичкото вознемирување. Значи, колку е потежок типот на вознемирување, толку помала е веројатноста анкетираните жени да се изјаснат дека постои таков вид на вознемирување“, рече таа.
Според истражувањата, во над 65 проценти од случаите непријавувањето се јавува поради страв од негативни последици за семејството и страв од губење на работата.
„Кога ги споредуваме по возрасна група, излегува дека помладите жени имаат поголема тенденција да пријават дека се сексуално вознемирувани отколку постарите жени. На пример, 16 проценти од жените на возраст од 18 до 24 години изјавиле дека биле изложени на сексуално вознемирување, наспроти два проценти од жените на возраст од 55 до 64 години“, рече г-ѓа Власалиу.
Податоците од извештајот покажуваат дека жените имаат потешкотии дури и во буквалното разбирање на видовите на сексуално вознемирување. Седумдесетиседум проценти од испитаниците рекле дека никогаш не биле обучени на нивното работно место да идентификуваат и да пријават сексуално вознемирување.
Во истражувањето на Косовскиот центар за родови студии, биле анкетирани шесто жени на возраст од осумнаесет до шеесетичетири, вработени во приватниот сектор во седум различни региони на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Шест недели нема објавен извештај за водата…
Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во…
Македонија го има едно од најголемите наоѓалишта…
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…
Хегсет: САД не ја исклучуваат употребата на…
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, изјави…
Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…
„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…
Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…
Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…