Радев му одговори на Пендаровски: Им ја должите на вашите граѓани историската вистина

t

За пофалба е интересот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски за историјата, но мора да се потпира на историската вистина. А политичарите кај нашиот сосед на сопствените граѓани им ја должат вистината за сопствената историја, која е обвиткана со децениски манипулации и фалсификување. Ова го изјави бугарскиот претседателот Румен Радев во коментар по изјавата на Пендаровски дека Софија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи во Втората светска војна.

Радев рече дека политичарите во Македонија ја должат на својот народ вистината за еврејското прашање, за прогонот и репресијата на македонските Бугари со децении, пренесе БГНЕС.

„Верувам дека европската иднина на Македонија бара билатералните односи со Бугарија да се ослободат од идеологиите на тоталитаризмот, за да можеме да имаме вистински полноправен дијалог и поврзување меѓу нашите земји“, истакна тој и додаде дека сите ќе профитираат од тоа.

Претседателот Пендаровски во неделата во обраќањето пред Споменикот во Скопје на 7.144-те депортирани македонски Евреи, изјави дека за да има помирување, треба да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија за депортацијата.

„Обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт“, праша Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…