Објавено на:

Започна полагањето на државната матура

t

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, кој е задолжителен за сите 15 620 матуранти пријавени за полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија.

Според податоците на Државниот испитен центар, од вкупниот број пријавени, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти.

На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.

Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик – 29, Германски јазик – 122, Руски јазик – 17, Естетика – 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.

Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори. Матурантите што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август.

Согласно договореното меѓу МОН и Сојузот на средношколци, полагањето на државната матура е олеснето со намалување на обемноста на тестот по Мајчин јазик односно помалку прашања во содржината на тестот, кој ќе носи од 60 до 80 поени, а не како досега од 80 до 100 поени.

Покрај ова, прифатени беа барањата на Сојузот на средношколци за промена на соодносот на поените што ги носат екстерните и интерните испити од државната матура при уписот на факултет, а првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература да се смета за соодветен на сите студиски програми.

За матурантите да имаат доволно време да се подготват и за интерните испити, кои ги полагаат по завршување на екстерните, договорено е наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна четири недели пред испитот и банките да содржат трипати поголем број прашања од бројот на прашања на испитот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку часа по атентатот, Трамп ја продолжи…

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше…

Бајден веднаш разговараше со Трамп по обидот…

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата вечерта…

Денеска се празнуваат Светите маченици Козма и…

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители…

Седете дома! Температури до 42 степени!

Времето денес (13.07 2024 год.): Сончево и…

ТРАМП: Бог да ја благослови Америка!

Сакам да им се заблагодарам на Тајната…