(Видео) Српскиот патријарх пречекан со камбани во Калишта

t

Српскиот патријарх Порфириј пристигна во Македонија, беше пречекан со камбани во Калишта. Владиката Петар и владиката Иларион му бакнаа рака.

Денеаја во црквата Света Софија во Охрид и официјално МПЦ-ОА и ПОА ќе се обединат во една црква, односно четирите владици на ПОА, задно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

На заедничката Богослужба, со која ќе чиноначалствува Патријархот Порфириј практично ќе се честува една година од Томосот на СПЦ.

-Одговарајќи на поканата на Неговото Блаженство Архиепископот скопски и македонски г. Стефан, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. Порфириј ќе служи света Литургија во древниот храм на Света Софија во Охрид, со која свечено ќе се одбележи првата годишнина откако поглаварот на Српската православна црква го предаде Томосот за автокефалност на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, објави СПЦ .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Уапсени петмина вработени во болница во Зеница…

По смртта на поранешниот атлетичар Кристијан Јосип…

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…