75-годишна жена скокнала од тераса бегајќи од синот кој ја тепал: Насилство во Грција
75-годишна жена била тешко повредена кога паднала од тераса бегајќи од синот кој силно ја тепал.
Грчката полиција добила дојава дека жена паднала од терасата во Агринио, откако синот ја бркал.
Несреќната жена бегајќи од својот полуден син се фрлила од терасата и се здобила со бројни скршеници на рацете, нозете и карлицата. Во тешка состојба е пренесена во болница.
Според истрагата, синот прво вербално, а потоа и физички ја нападнал мајката. Таа се фрлила од терасата кога тој се фатил за железна прачка за да ја претепа.
Полицијата вчераутро го привела синот, кој се товари за семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда, пренесуваат локалните медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…