Фуркан Салиу во „Слободен печат“: Ќе дојде моментот кога Панче Тошковски ќе ми се извини, ако си стои на зборот

t

Ќе дојде моментот кога министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ми се извини ако си стои на зборот, освен ако не направат некоја манипулација, вели новинарот Фуркан Салиу во интервју за „Слободен печат“. Тој додава дека во Министерството за внатрешни работи имало обиди да се промени службена белешка, за да се монтира случај и да изгледа дека пиштолот кој Салиу го имал во автомобилот, всушност го носел со себе.

– Високи лица поставени од политичка партија се обидувале да сменат службена белешка. Само поради укажувањето на нивните колеги дека се прави кривично дело и дека тие ќе бидат сведоци на тој чин, престанале. Имало обиди да се напише таму дека пиштолот сум го носел. Навистина не знам до кај им оди паметот, до толку криминално да размислуваат луѓе што се таму за да не заштитат од криминал. А има и други работи кои што мислам дека ќе ги докажеме. Како на пример притисоците по секоја цена да ми се покрене каква било постапка за што било. Да се најде начин. Буквално – „да се најде начин“, е така се изразуваат лица на високи функции – со зборовите „неспособни едни, не можете да притворите еден будала“, обвинува Салиу, повикувајќи се на негови извори.

Тој во гостувањето на „Слободен печат“ тврди дека е спремен на суд да докаже дека документот кој го објави, односно наводниот оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ е вистинит и додава дека тој потекнува од висок функционер внатре во партијата. Тој вели дека му верува на изворот и не планира да му се извини на ВМРО-ДПМНЕ и ќе мора фактите да се докажуваат во судница, каде ќе има и камери и каде ќе мора да се пуштат и аудио-снимки. На прашањето дали ја остава отворена опцијата дека документот може да е и фалсификат, Салиу е дециден – „не“.

– Најболна е хајката со ботови и партиски медиуми со цел да ми се одмаздат. Моето апсење ги стави документите во втор план. Не сакав да изгледа ова како кампања на Фуркан Салиу против кампањата на ВМРО-ДПМНЕ но едноставно се обидуваат да се одмаздат на секој начин, а доказ е и последниот случај. Апсолутно од напад кон службено лице излезе „попречување службено лице во вршење на должноста“, па лагите дека „оружјето сум го носел со себе, дека дома ми бил вршен претрес и ми нашле огромно количество муниција и оружје и бил уапсен татко ми“, дојде до тоа дали бил пиштолот расклопен или не, дали бил во гепек или не, изјави Салиу.

Салиу вели дека специјалецот што го приведе, го поставил коленото на неговиот врат, а тој не можел да дише. Наведе дека причината била во тоа што го извадил мобилниот телефон да снима како недолжен граѓанин е тепан од полицијата.

– Одеднаш се појавија од некаде специјалните единици, го фатија младиот дечко, го ставија позади автомобилот под гумата и почнаа да го удираат. Апсолутно без причина. Едноставно, не само како новинар, туку како човек не можев тоа да го дозволам. Уште од вчера е почната постапка во внатрешна контрола за тој полицаец кој го тепаше дечкото и тоа базирано само од видеата што се објавени. Тоа докажува дека дечкото ништо не направи. Го легна на земја и почна да го удира и јас го извадив телефонот за да го снимам тоа. Кога го видоа телефонот станаа агресивни, еден ми го удри телефонот и ми падна, другиот ми се доближи до мене со штитот. Јас реков „новинар сум што правите снимам“. Другиот ме фати од позади, ме уапсија. Кога ме уапсија едниот со колено ми стоеше на врат и навистина не можев да дишам. Уште 10 секунди да продолжеше така, можеби без свест ќе ме носеа до станица. Рацете позади, коленото на врат, таква сила да употребиш за новинар кој го знаеш? Пред три дена бркавме голем криминалец низ шумите во Танушевци заедно со ЕБР. Јас бев позади нив кога се пукаше таму. Тогаш немаше проблем, не им правев проблем таму, рече Салиу.

За пиштолот рече дека го поседува повеќе од две години, дека има дозвола и на стрелиште оди често, за релаксација.

– Љубител сум на огнено оружје, знам доста за тој дел и чисто таму одам за да се релаксирам. Нема многу места во Скопје за релаксација, или ќе одиш на кафе, на шопинг во трговски центар или ќе одиш да пукаш, или во некоја теретана. Нема што да правиш во Скопје, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Една година по масакрот во „Рибникар“

Навршува една година по масакрот во училиштето…

(Видео) Левица со порака до пензионерите

Промотивно видео на Левица за парламентарните избори…

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема…

Советот за безбедност на Обединетите нации не…

Најмалку 48 луѓе загинаа откако пропадна дел…

Најмалку 48 луѓе загинаа откако пропадна дел…

Велигденско послание на г.г. Стефан: Да ги…

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ…