79% од граѓаните сакаат Македонија да влезе во ЕУ

t

Мнозинство од граѓаните на Македонија сметаат дека државата се движи во погрешна насока, но поддршката за членство во Европската Унија и понатаму останува висока, покажуваат резултатите од новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На прашањето за насоката на движење на земјата, само 14 отсто од македонските граѓани одговориле дека таа се движи во добра насока, додека 56 отсто го мислат спротивното, односно не се задоволни од насоката каде се движи земјата, а 29 отсто од испитаниците биле неутрални.

Потоа, 79 отсто од граѓаните сакаат земјава да влезе во Европската Унија, 17 отсто од нив се против, а четири проценти рекле дека не знаат или одбиле да дадат одговор. Позитивниот одговор на граѓаните претставува раст од шест процентни поени во однос на анкетата извршена минатиот октомври.

Од анкетираните граѓани, 22 отсто сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ за 1 до 5 години, а 27 проценти велат дека тоа ќе се случи за 6 до 10 години. На ова прашање најголем број граѓани, односно 28 проценти, рекле дека тоа ќе се случи за повеќе од 10 години.

Во анкетата, исто така, се посочува дека поголемиот број граѓани, 38 отсто, немаат доверба во владеењето на правото, наспроти 6 проценти кои рекле дека целосно се согласуваат со тоа дека владеењето на правото постои кај нас.

Според резултатите од анкетата на прашањето кое се однесува на довербата на граѓаните во судовите и судството, како и во јавното обвинителство, довербата ја уживаат на само еден отсто од македонските граѓани.

За еден отсто повисока доверба македонските граѓани покажале дека имаат кон парламентот и политичките партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…

Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…