(Видео) Комити не простуваат: Вардар губи 3:0 на градски – се бара оставка од Миленко Неделковски
Некаде на почетокот на летото, откако заврши претходната сезона, меѓу навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб започна да преовладува еуфоријата која беше поттикната од влезот на австриски „Новоматик“, односно „Новоматик Македонија“, како главен спонзор на клубот во новата сезона.
Влезот на „Новоматик“ беше и официјално потврден на 9 јули кога оваа компанија и ФК Вардар потпишаа Договорот за главно спонзорство. Договорот беше потпишан од страна на директорот на „Новоматик Македонија“, Александар Симовиќ и претседателот на ФК „Вардар“, Милорад Миленковски.
Едногодишниот договор вреди 1 милион евра, а двете страни на прес-конференцијата по тој повод изјавија дека очекуваат соработката да биде продолжена и за повеќе години.
Но, радоста и очекувањата на Комитите, верните навивачи кои никогаш не се откажаа од клубот и во најтешките негови денови, беа поматени и нарушени со лошите резултати но и од информацијата дека новата приказна на ФК Вардар свое место ќе има и Миленко Неделковски.
Миленко Неделковски во моментов е спортски директор во ФК Вардар, но по низата катастрофални резултати на клубот веќе на трибините се бара оставка од Миленко Неделковски. Имено ФК Вардар загуби од Шкупи минатата недела со 3:0, а во моментов губи од Воска спорт исто така со 3:0.
Погледнете дел од атмосферата во моментов на градски.
Ова не е изолиран случај каде навивачката група Комити која впрочем го спаси ФК Вардар бараше оставка од Миленко Неделковски, затоа што разочарувањето дојде многу побргу отколку што се очекуваше и еуфоријата бргу премина во гнев кој кулминираше со објавата на Фејсбук: „Рибата смрди од главата, последна опомена за упрвата!“
Опомени веќе нема… Оставка се бара од Миленко Неделковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Трамп: Можно е по изборите да го…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
(Видео) Двајца загинаа, двајца се хоспитализирани, а…
Медицински хеликоптер кој превезувал пациент се урна…
Денес се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј…
Во времето на царот Пров, во 3…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Утрото ќе биде ведро и студено. Во…