83-годишен маж загина во пожар во куќа во Берово
83-годишен маж загинал во пожар што утрово избувнал во куќа во Берово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 28 септември во 06:25 часот во ОВР Берово, било пријавено дека пожар избувнал во куќата на С.Б.(83), а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Берово, која го изгаснала пожарот. Според првичните информации, мажот починал како последица на интоксикација од чад. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“ соопшти МВР.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…