84 години од Народното востание – 11 Октомври: Денот кога официјално започна македонската борба против фашизмот

t

Денеска е 11 Октомври, 84 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ кој го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна во Вардарска Македонија.

Тоа е важен темел во борбата за самобитност и самостојност. Продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото,Разловечкото,  Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување.

Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ и акциите кои тие ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата. Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година, започнаа вооружените  акции и во Кумановско.  Во месноста Менкова колиба беше формиран Карадачкиот партизански одред, којшто заедно со Кумановскиот партизански одред формиран во месноста Студена вода ги интензивираше воените дејствија до 17 октомври 1941 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…