84 години од смртта на Коле Неделковски: „Доста се тие лаги и злоба над мојот народ у секоја доба“

t

Коле Неделковски роден како Никола Крстев Неделков (16 декември 1912 – 2 септември 1941) бил истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни. Бил роден во селото Војница, близу Велес. Тој бил син на бедно земјоделско и сиромашно семејство.

Борец против фашизмот, означен како државен непријател токму поради тие причини, прогонет од полицијата. Неделковски се преселил во Бугарија каде ја продолжува својата активност.

Во септември 1941 година, дванаесет дена по излегувањето од печат на збирката песни „Пеш по светот“, Неделковски бил откриен од полицијата како разнесувач на летоци. На 2 септември 1941 година, полицијата ја блокирала шесткатната зграда во која живеел. Сиот материјал што можел да ги компромитира неговите другари, Неделковски го уништил, давајќи им оружен отпор на гонителите. А кога веќе немало надеж за спас, тој се фрлил од прозорецот на својата мансарда на тротоарот на улицата и така загинал. Постојат сомнежи во врска со тоа дали бил Неделковски бил фрлен од полицајците или пак самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдиле само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот. По Втората светска војна, на местото на настанот била поставена спомен-плоча, која подоцна исчезнала.

Своето основно образование го започнал во локално подрачно училиште во с. Војница и бил одличен ученик. Гимназиското образование го започнал како велешки гимназијалец. Песната на Коле Неделковски „Глас од Македонија“ е една од најпознатите патриотско-револуционерни песни во македонската литература. Прочитајте ја во продолжение.

О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба —
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.

Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости –
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.

Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д’издигне славно свој род без врева.

Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј — на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ