Објавено на:

9-годишно момче заврши средно училиште и се запиша на факултет, сака да стане астрофизичар

t

ИАКО има само 9 години, Дејвид Балогун од Пенсилванија наскоро ќе дипломира и ќе влезе на факултет.

„Завршив осмо одделение за два и пол месеци, а потоа почнав средно училиште“, изјави Дејвид за WHTM. Тој истакнува дека одењето на училиште на далечина му овозможило побрзо да напредува.

“Кога слушна за програмата STEM на седумгодишна возраст, почна да скока од радост. Му се допадна од првиот момент”, открила мајката на Дејвид, Роња Балогун.

Дејвид моментално ги истражува можностите за студирање, а најинтересни му се Универзитетот во Пенсилванија, Принстон и Харвард. Сепак, живеењето во кампусот не е опција за 9-годишно дете.

„Тоа е нешто за што мора сериозно да размислиме“, објасни таткото на Дејвид, Хенри Балогун.

Дејвид вели дека по факултетот би сакал да стане астрофизичар и да ги проучува црните дупки и суперновите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во скандинавски Прилеп и Битола не може…

Повеќе од една недела битолчани и прилепчани…

Договорот за спречување инфекции во болниците „фати…

Македонија ризикува да загуби 100 милиони евра…

(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…

МНР со апел до граѓаните да се…

МНР со апел да се избегнуваат патувања…

(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…