9.000 СВИЊИ ПОРАДИ АФРИКАНСКА ЧУМА ТРЕБА ДА СЕ УНИШТАТ ВО ФАРМА ВО СЕЛО ТАРИНЦИ: Жителите од селото не дозволуваат да се ископа јама за таа намена
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потврди дека во комерцијална фарма за свињи во карбинското село Таринци е потврден последниот позитивен случај на болеста африканска чума кај свињите и тоа кај едно животно, но мора да се уништат вкупно 9.000 животни во оваа фарма.
За да се закопаат овие животни треба да се ископа јама, но жителите на селото не дозволуваат, со што според АХВ, се кришат законите и правилата за безбедно отстранување на заразените животни.
– Овие животни, согласно највисоките светски стандарди треба нештетно да се отстранат, односно да се закопаат во јами, без никакви последици по здравјето на другите животни, луѓето ниту човековата околина. АХВ уште од првиот ден е во интензивни контакти со локалната самоуправа која има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето, во која ќе бидат закопани еутаназираните животни. Како одговорна институција за здравствената заштита на животните, апелираме брзо да се реагира од страна на локалната самоуправа бидејќи станува збор за болест која брзо се шири и која нанесува големи финансиски загуби. Неминовно е одговорно однесување и од страна на сточарите и од локалните самоуправи- се вели во соопштението на АХВ.
Од Агенцијата потсетуваат и на казнените одредби од Кривичниот законик кои се однесуваат на епидемија или добиточна болест.
„Согласно член 222 од Кривичниот законик, непостапувањето по одлука на надлежен орган со која се определуваат мерки за отстранување или спречување на болест е кривично дело за која е предвидена парична казна или затвор до 3 години. Законот предвидува и повисоки казни за ова дело доколку поради делото настапи значителна штета“, наведуваат од АХВ.
Според податоците, за година и половина по појавувањето на првиот случај на болеста во делчевското село Драмче, до последниот позитивен случај во село Таринци, убиени и нештетно отстранети се околу 3,5 илјади свињи.
Жителите на селата Таринци и Нов Карорман заедно со градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, вчера организираа протест и не дозволија да се ископаат јами, во кои ќе се закопаат заболените свињи од африканската свинска чума во фармата која е во близина на селото Таринци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…