ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот

t

ВМРО-ДПМНЕ се простија од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина.

-Со длабока тага и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, претседател на Општинскиот Комитет Брвеница и градоначалник на општината.

Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.

Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.

Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби.

Ќе го паметиме како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти, упатува длабоки сочуство кон семејството на Јовица Илиевски, и ја споделува тагата заедно со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.

Вечен спомен!, напишаа од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјани преку нова платформа можат да пријавуваат…

Дива депонија, преполни контејнери, кабаст отпад и…

Тричковски бара СДСМ да гласа за ДУИ…

Бранко Тричкоски бара СДСМ да гласа за…

Маж е тешко повреден додека чекал лифт…

МВР информира дека вчера во 18:10 часот,…

Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени…

Јас би сакал уште еднаш да посакам…

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…