942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори, повеќе од половина се од странство

t

Над 900 набљудувачи, странски новинари и преведувачи ќе ги следат претседателските избори во Македонија, чиј прв круг се одржува утре, а вториот на 8-ми мај заедно со парламентарните. Заклучно со 19-ти арпил, за следење на изборите се акредитирале вкупно 942 набљудувачи и преведувачи од кои 342 домашни и 568 странски.

Најбројни се набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР – вкупно 375, а од домашните, набљудувачите на Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“, односно 182.

Изборите за шеф на државата ќе ги следат и 32 странски новинари, меѓу кои и од агенциите Ројтерс и Франс прес, како и бројни медими од соседните земји

Амбасадорката Џилиан Стирк од Канада,ќе ја предводи мисијата од 12 земји членки на ОБСЕ. 20 долгорочни набљудувачи ќе се распоредат во Македонија од 27 април во тимови по двајца – во Скопје ќе има два тима, а по еден во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип. Краткорочните 300, пак, ќе пристигнат пред изборите на 8 мај. Тие ќе ги набљудуваат избирачките места на денот на гласањето и пребројувањето и сумирањето на гласовите.

Според Изборниот законик, мониторинг на изборите може да прават домашни здруженија и странски организации кои се регистрирани најмалку една година пред денот на изборите и во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права. Право да набљудуваат имаат и претставници на странски земји.

Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…

Рубио призна дека ракети за Украина можеби…

Американскиот државен секретар Марко Рубио призна дека…