99 жени паднаа во рација на македонската полиција – еве за што ќе одговараат
Полицијата вчера изврши претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, пришто затекна 99 женски лица кои престојувале спротивно на целта, дрога и пиштол.
При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р.Северна Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 мм.
Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости.
Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Северна Македонија, а пронајден е и пиштол, додека легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х.А.(34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Северна Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот.
Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…
Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…
Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…
Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…
Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…
Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…
Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…
Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…
Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…
Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…