Сте одбиле да се попишете? ДЗС Ве има пријавено во полиција
Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски
Резултатите од пописот ќе покажат дека околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат македонско државјанство, а не се попишале, соопшти директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во вестите на Телма.
Пописот заврши во септември годинава, а за обработка на податоците потребно е време од околу половина година.
– Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите. Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале – додаде Симовски.
На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205.000 се самопопишаа од странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…