Љупчо Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ

t

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ денеска поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијата. Тој во својата писмена оставка изразува посебна благодарност до Зоран Заев и на сите членови на партијата.

– Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците, се наведува во писмената оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…

Венко не може да ги обвинува сите…

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…