Драма на ЦО на СДСМ: По реакција на Оливер Спасовски, Ковачевски повлекол еден од своите предлози за членовите на партиските органи

t

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој беше потврден на ЦО на партијата повлече еден од десетте предлози за нови членови во партиските органи.

Ваквата одлука на Ковачевски дојде откако присутните бурно реагирале бидејќи со тоа се кршел партискиот деловник за работа, дознава ТВ21 од партиски извори.

Како што дознаваат од телевизијата еден од првите кои реагирале бил актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што дознава ТВ21, станува збор за Дејан Блажевски, предлог на Ковачевски кој подоцна истиот го повлекол, најавувајќи дека на следната седница ќе биде избран нов претставник во партиските тела од охридскиот регион.

Статутот на СДСМ предвидува дека членови на највисоките партиски тела (извршен и централен одбор) може да бидат само членови на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…