ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното
Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтима струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна. Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра. Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното, истакнваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор. Државата секој ден е во се подлабока криза, додаваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…