Митовски за ckaндалот со пасошите: Не може тезга за зелка да се постави без дозвола, а не некој да продава пасоши без некој да му дозволи

t

Коментирајќи го еден од најголемите, ако не и најголемиот скандал во историјата на МВР за продажбата на македонски пасоши на познати криминалци, Александар Митовски во вечерашнот гостување во „Заспиј ако можеш“ истакна дека не може ниту една тезга за продавање на зелка да се постави без дозвола, а не пак да се продаваат пасоши без нечие одобрение. Во овој случај, обвинети беа ниски службеници во МВР, кои ги правеле фотографиите за пасошите, и не се најде главата на целата акција. Никој не објасни како тие луѓе дошле во контакт во високи претставници на меѓународни криминални организации. Сите добија минимални казни. Четири милиони евра завршиле во некои џебови и немаше финасиска истрага за милионите „заработени“ од продажбатат на пасошите.

„Јас го прашав заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, тој само протоколарно ми одговори. Јас Назим Буши го прашав дали е точно дека токму тој е човекот којшто на Седат Пекер лично на рака му го има доставено пасошот откако бил изработен тука во Скопје? Дали е тој човекот кој што го направил контактот со претставници на Седат Пекер за да ја направат оваа шема, да дојдат за сликање, оставање отпечаток, барање на име, презиме, адреса, и на крај изготвениот пасош да му го достави на рака во еден скопски хотел. Назим Буши не ми одговори, кажа сѐ што знаел кажал во истрагата.“, посочи Митовски.

Тој истакна дека за обична пазарска тезга е потребна дозвола, а не за ваква организирана интернацинална шема за продавање на пасоши

„Апсолутно никој не може тука да дојде и да продава зелка, треба да добиеш дозвола. Никој не може да отвори ниту тезга за давање пасоши без да му каже некој, да му дозволи, или да му рече ок е терај, ама ќе делиме, или ми плаќаш кирија за тезгата…“, кометира Митовски.

Тој потсети на една ситуација од пред неколку години, кога всушност и започнала оваа шема на штанцање на пасоши, кога беше фатен терорист на ИСИС кој што се фотографираше со македонски пасош во Алепо. Утврдено беше дека не е Македонец, ниту некој од етникумите коишто живеат во Македонија, туку бил Арап кој имал македонски пасош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Можно е враќање на средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…