Во Србија од 1 јануари по 850 евра за секое второ и трето дете
Комисијата на Собранието на Србија за труд, социјала, општествена вклученост и намалување на сиромаштијата на денешната седница усвои амандман според кој на семејствата кои ќе добијат второ и трето дете ќе им се исплаќаат 100.000 динари еднократна помош од 1 јануари, соопшти организацијата „Мајките се закон“.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, амандманот предвидува на семејствата кои ќе добијат второ дете од буџетот да им се исплаќаат 100.000 динари (850 евра) еднократно, со по 10.000 динари (85 евра) што ќе ги добиваат секој месец во тек на две години. Семејствата кои го очекуваат своето трето дете ќе добиваат 100.000 динари (850 евра) од буџетот, со по 12.000 динари (102 евра) месечно во времетраење од 10 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…