Стојаноска: Не постои член во деловникот каде што пишува дека доколку имаме оставка на Влада нема одржување на пратенички прашања
Многу сум заинтересирана на кој член ќе се повика Талат Џафери за не одржување на пленарна седница за пратенички прашања. Не постои член во деловникот каде што пишува дека доколку имаме оставка на Влада нема да се оддржат пратенички прашања, истакна пратеничката и член на ИК од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во вчерашното гостување во емисијата ,,Заспиј Ако Можеш,, на Телевизија Алфа.
,,Прво и основно според уставот член 93, став 5 вели дека доколку се случи изгласување недоверба на Влада, оставка на Влада или распуштање на Собрание, Владата си ја врши својата функција се до изборот на нова Влада’’, посочи Стојаноска.
Таа додаде дека за време на 17 месеци на оваа Влада, пленарни седници по однос на пратенички прашања се одржале 7. Каде се останатите и за каков контролен механизам ние би зборувале во Собранието.
Стојаноска кажа дека пратениците не би поставувале прашања за следната Влада, туку ние би поставувале прашања за до денес што се случувало со оваа Влада.
Ние сме во црна зона каде што Владата може да прави се што сака. Да не им се дозволи на пратениците да постават прашања од народот којшто се однесуваат на оваа Влада којашто заминува е очигледно заради тоа што не успеала, заклучи Стојаноска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…
Венко не може да ги обвинува сите…