Тензиите растат: Американски авиони извидyваат над Украина
Американскиот извидувачки авион неодамна го изврши првиот лет над територијата на источна Украина, пренесоа американските медиуми повикувајќи ја командата на американските сили во Европа.
Летот е извршен на 27 декември, а ова е прв случај авионот JSTARS да собира податоци во воздушниот простор на Украина, објави новинар на Си-Ен-Ен на својот Твитер профил.
Авионот е наменет за препознавање и класификација на копнени цели во секое време од денот и во какви било временски услови, како и за координирање на борбени операции и билатерална размена на информации со копнените сили во реално време.
Да потсетиме, Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на агресивните акции на Русија во близина на границите на Украина. Москва нагласува дека преместувањето на војниците се врши во согласност со Уставот и на територијата на Русија и дека западните земји ја користат оваа теза како изговор за натамошно проширување на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…